Највпечатливите креации од викендот на Венецискиот филмски фестивал

3 септември 2018

До осми септември во фокусот на медиумите секако ќе биде Венеција и филмскиот фестивал. Викендов помина во знакот на неколку премиери - „Suspiria“ на Лука Гвадањино, кој минатата година доживеа голем успех со остварувањето „Call Me By Your Name“, кое беше и еден од главните фаворити за Оскар за најдобар филм за минатата година.

„Suspiria" е всушност римејк на истоимениот краткометражен филм од 1977 година, а во главните улоги се Дакота Џонсон и Тилда Свинтон. 

Токму овие две актерки го украдоа вниманието на црвениот килим. Дакота Џонсон Блесна во црвена креација на „Диор“. Тилда се одлучи за фустан во истата боја, само со долги ракави, странични шлицеви од двете страни и околувратник во викторијански стил.

 

„Диор“ беше и изборот на Наоми Вотс.

И Кејт Бланшет беше дел од ѕвездите што се појавија на премиерата на овој филм, а таа повторно воодушеви со креација на „Армани“. Се работи за црн фустан во сирена крој, кој пак во горниот дел е асиметричен и изработен од металик златна ткаенина. 

Викендов се одржа и премиерата на филмот „A Star Is Born“, а ѕвезди на вечерта овој пат беа Лејди Гага и Бредли Купер.

Светските медиуми коментираат дека Лејди Гага на црвениот килим изгледала како принцеза на „Дизни“, а тоа благодарение на креацијата на „Валентино“.

Се работи за раскошна тоалета со пердуви во пастелно розова нијанса. 

Кејт Бланшет повторно му остана доследна на „Армани“ појавувајќи се повторно во црно-златна комбинација, во горниот дел исто така со пердуви.

На црвениот килим се појави и Донатела Версаче во друштво на Ирина Шаик. И двете носеа креации секако на „Версаче“. Донатела се одлучи за црвена тоалета што ја следи линијата на телото, додека Ирина за тесен златен фустан.

На премиерата на „The Favourite“, вниманието беше насочено кон Ема Стоун, која блесна во креација во беж тонови на „Луј Витон“.

 

Чија креација најмногу ви се допаѓа?

 

фото извор: popsugar.com; dailymail.co.uk; celebfirst.com; eonline.com;

Објавено:
3 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
666 пати