Највпечатливите модни комбинации на Јелена Ѓоковиќ

8 август 2014

Шармантната сопруга на светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, Јелена, уште од нејзините први јавни појавувања во круговите на светскиот џет сет плени со својата скромност, но и секогаш елегантниот стил.

За кратко време таа успеа да ја добие титулата модна икона, а и да ја воодушеви ригорозната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур, па и да седне до неа во првиот ред на модната недела во Њујорк минатата есен.

На црвениот килим секогаш  предизвикува симпатии со природната женственост и изборот на елегантни тоалети кои дополнително го нагласуваат нејзиниот елегантен став.

Додека во јавноста често ја гледаме во гламурозно издание секогаш со одмерен стил, во приватноста најпријатно се чувствува во лежерни и удобни парчиња облека, што и самата во повеќе наврати го има изјавено.

Доследна на својот препознатлив стил, остана и како невеста, во романтичната венчаница потпишана од дизајнерката Сара Бартон за брендот Александар Мелвин.

 

 

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Сцена