Наоми Кемпбел гневна на Русите

5 февруари 2014

Славната манекенка Наоми Кемпбел поради своето агресивно однесување неколку пати ги посетуваше судовите, а не и остана непозната и општествената работа. Сепак, се чини дека нејзиното однесување од пред неколку години не се променило. Според странските медиуми, руска учесничка од шоуто за модели на Кемпбел, „The face“, Кира Дикхтјар, ја обвинува дека психички ја злоупотребува. На само месец дена пред премиерно да започне шоуто изби овој скандал. Руската манекенка тврди дека мора да посетува психијатар, за да заборави на сите навреди упатени од Наоми. Кира вели дека, Кемпбел мрази Руси и за време на подготовките постојано праќа негативна енергија. Инаку, може да претпоставиме зошто цурномуреста манекенка не ги сака Русите, таа неодамна ја прекина врската со рускиот милијардер Владислав Доронин, кој ја остави токму за кинеската манекенка од шоуто, Луо Зилин.

 

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Сцена