Наоми Кемпбел ја откри тајната на младешки излед

6 март 2014

„Црниот пантер“ Наоми Кембел гостуваше во емисијата со цел да ја промовира втората сезона од шоуто „The Face“, за кое најавува интересни моменти со цел да се открие која девојка навистина би сакала да чекори по светските модни писти.

Легендарниот модел кој има речиси 28 годишна кариера во областа на моделингот признала дека не е се до убавото лице и дека и по толку долги години работа како модел, се уште има проблеми со самодовербата и трпението.

Но сепак, тоа што можеби не интересира сите нас е начинот на кој го одржува својот изглед, бидејќи иако има 43 години, изгледа многу помладо. Токму затоа водителот Марк Ламонт и покажал фотографија направена во далечната 1996 година, па на прашањето која е тајната на младешкиот изглед, Наоми кратко одговорила – „Редовно пијам зелен џус“.

Доколку досега не ви текнало на оваа благодет, почнете да го конзумирате за да го задржите младешкиот изглед, како Наоми Кемпбел.

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Сцена