Наоми Кемпбел ќе се проба и како моден дизајнер?

1 април 2014

Црномурестата супермоделка Наоми Кемпбел, покрај се' уште актуелната манекенска кариера, но и телевизиска ѕвезда и активист против расизмот, на една од дебатите во рамките на Фестивалот во организација на магазинот Вог, најави дека во блиска иднина планира да напише три книги и да се реализира  како моден дизајнер.

Две од трите книги кои супермоделот ги стави во својата агенда, ќе бидат во форма на богати фотогалерии, од кои едната ќе биде архива од актови кои ги фотографирал Паоло Роверси, и покрај претходните убедувања на Наоми дека тие фотографии нема да бидат јавно објавени. Третата книга содржински ќе го опфати турболентниот живот на моделката и нејзините колешки во периодот на 90-те.

Покрај овој ангажман, Кемпбел изјави дека претендира да одговори на предизвикот да се реализира и како моден дизајнер, па да застане и од другата страна на модниот свет. Својот прв обид го најавува за 2015.

 

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Сцена