Се снима документарен филм за Селин Дион

1 октомври 2021

Документарните филмови за познати личности се дефинитивно доминантни последниве две години, а во серијата такви доаѓа и еден нов - за животот на Селин Дион.

Овие вести ги соопшти пејачката на Твитер, а пристигна и официјално соопштение од „Sony Music Entertainment“, кои ќе го продуцираат.

„Документарниот филм ќе послужи како приказ  на една од најпознатите, широко почитувани и успешни изведувачи во историјата на поп музиката“, се вели во соопштението.

Инаку, во остварувањето ќе се појави и самата Селин, а во режјиа на Ирене Тејлор.

„Секогаш бев „отворена книга“ на своите обожаватели, а со чувствителноста и промислената креативност на Ирене Тејлор, мислам дека на сите ќе можам да им покажам дел од себе, дел кој до сега никој не го видел. Знам дека ќе ја раскаже мојата приказна на најискрен и најемотивен начин“, вели Селин.

Како пренесуваат странските медиуми, Ирене планира да го опфати животот на пејачката од повеќе перспективи, да ја раскаже комплетната приказна за тоа која е Селин.

„Заедничкото патување со легендарна уметница каква што е Селин Дион е исклучителна можност за мене како режисерка. Пристапот на испитување на нејзиниот живот и неповторливата кариера, ќе ми овозможи да направам портрет на една глобална суперѕвезда и се радувам што ќе го споделам со светот“, вели режисерката.

Официјален датум на премиерата се' уште не е објавен. 

 

Објавено:
1 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
218 пати