Наскоро шик колекција од Гвинет Палтроу и Стела Мекартни

11 септември 2013

Шармантната Гвинет Палтроу на нејзината интернет страница Гуп (Goop) неодамна ја објави информацијата дека ќе дизајнира лимитирана серија парчиња облека што ќе можат да се купат само преку овој сајт и тоа само во Америка.

На интернет страната таа напиша и дека кога за пријателка ја имате една од најдобрите дизајнерки во светот, едноставно мора да се обидете да создадете нешто заедно.

Нивното пријателство кулминираше во текот на летото кое тие две го поминаа заедно, кога Стела на својот Инстаграм профил ја пофали фигурата на Гвинет, која гордо позираше во костим за капење дизајниран токму од нејзината пријателка.

Британско – американското дуо на светот ќе му претстави една шик колекција составена од претежно сиви и црни парчиња. Меѓу нив ќе се најдат и волнени панталони, фармерки, џемпери и совршена облека наменета за работни жени кои ја ценат едноставноста и квалитетот.

Секако, кога купувате парчиња што ги креирале Стела Мекартни и Гвинет Палтроу, не очекувајте дека цените ќе бидат достапни за сите - најевтиното парче ќе чини 795 долари!

Објавено:
11 септември 2013
Категорија: 
Сцена