Натали Портман е совршенство во целосно црна секси комбинација

26 септември 2019

Ако мислевте дека Натали Портман го достигна врвот со досегашните стилски комбинации, почекајте да ја видите на премиерата на нејзиниот нов филм „Lucy In The Sky“.

Прекрасната актерка пристигна во Лос Анџелес облечена во целосно црна комбинација составена од црна блузичка со ултра длабоко деколте, комбинирана со кусо здолниште со странични џебови.

Комбинацијата таа ја надополни со стилски сандали на висока потпетица, светкави обетки и прстени, а како и секогаш, нејзината фризура и шминка беа совршени.

На црвениот килим со Оскаровката се појави и актерот Џон Хем со кого глуми во новиот филм, а за пригодата тој одбра стилски сив костим со бела кошула и темно сина вратоврска.

Новиот филм „Lucy In The Sky“ во кој главната улога ја толкува Портман, официјалната премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Торонто, а низ светските кина ќе биде прикажан на 4 – ти октомври.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
26 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.274 пати