Холивудската актерка Натали Портман ги сврте сите погледи кога пристигна на премиерата на нејзиниот најнов филм May December во Кан.
Портман изгледаше како божица во винтиџ фустан на Диор, кој што за прв пат беше изработен од модната куќа како дел од колекцијата есен/зима 1949-1950.
Мала разлика помеѓу двете тоалети е горниот дел, кој што во случајот на Портман е бел, додека кај оригиналниот Junon фустан има светло сина нијанса.
Оригиналот е дел од Институтот за костими на Мет Гала иако моментално не е достапен да се види.
Натали прошета на црвениот тепих во Кан заедно со нејзините колеги Чарлс Мелтон, Џулиен Мур и Кори Мајкл Смит.
Инспирацијата за светкавиот фустан Диор ја пронајде во римската божица Јунона, која што има слично значење како грчката божица Хера.
Светлиот фустан на слоеви, кој што има сини детали, потсетува на крлушки од риба и токму тој невообичаен дезен му дава уникатност.
Фото: Facebook