Нема да поверувате дека таа има 51 година

16 јули 2015

Моделот Ел Мекферсон сосема заслужено го носи прекарот „Тело". Дури и во шестата деценија од животот таа изгледа фанстастично. Фотографиите од одморот во Монако уште еднаш го потврдија тоа.

Мекферсон (51) се' уште без проблем може да позира во костим за капење, бидејќи нејзините долги нозе, стомакот и останатите делови од телото се во совршена форма.

Неодамна таа изјави дека секој ден внесува 3 литри вода и лесни протеини, што го одржуваат нејзиниот изглед младешки.

Инаку, Ел во Монако летува со сопругот Џефри, кој е нејзиниот втор сопруг. Пред него манекенката беше во тригодишен брак со Жил Бенсимон.

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
920 пати