Нетфликс потврди: „Бриџертон“ ќе има и 3. и 4. сезона

14 април 2021

Најпопуларната серија на Нетфликс ќе добие трета и четврта сезона. Снимањето на втората сезона на популарната серија „Бриџертон“ сè уште не е завршено, а Нетфликс веќе потврди дека ќе сними уште две сезони. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by shondaland tv (@shondaland)

Втората сезона се подготвува во полн ек, а во неа ќе го следиме трнливиот пат во потрага по љубов на Лорд Ентони Бриџертон. 

За жал, од пред некоја недела јасно ни беше дадено до знаење дека Реге Жан Пејџ нема да се врати во втората сезона, а тоа фановите, вклучувајќи ја и Ким Кардашијан, го прифатија со огромно жалење.

Изгледа дека од Нетфликс цврсто веруваат во успешноста на серијата па инвестираат во 2 нови сезони и идејата на Шонда Рајмс за убава, емотивна, романтична љубовна приказна. 

Серијата дебитираше на Нетфликс на 25. декември 2020 година и за 28 дена беше изгледана од страна на 63 милиони домаќинства. Со тоа стана една од петте најгледани оригинални серии на продукцијата. 

Објавено:
14 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
232 пати