(Не)Видлива: Со кожена маска на лице Ким Кардашијан го најави присуството на Мет Гала

13 септември 2021

Не е прв понеделник во мај, но сепак денеска е датумот на одржувањето на годинешната Мет Гала.

И додека со нетрпение очекуваме да видиме како ќе изгледаат ѕвездите годинава, Ким Кардашијан одлучи да го украде вниманието пред време.

Таа во саботата пристигна во Њујорк и го најави своето присуство на настанот, во мошне необичен стајлинг.

Имено, таа одлучи да се покрие - буквално!

Кожени панталони + горен дел со патент + кожен мантил + високи кожени чизми + кожени ракавици и на крајот кожена маска со патенти кај очите и на средина на лицето.

На тоа е додадена светкава „Баленсијага“ чанта.

Со оглед дека Кардашијан на социјалните мрежи ја гледаме најчесто максимално разголена, ова беше неочекуван пресврт. Сличен изглед во една прилика прикажа и нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест, па многумина бараа и во тоа некоја симболика.

Ким покажа комплетна спротивност, изглед кој дава и опасен, но и мистичен изглед, а пред се' во нешто што ништо не открива или условно е “невидлива“ привлече големо внимание и секако повторно беше и тоа како видлива и присутна.

Неодамна ја видовме во сличен стајлинг со потпис на „Баленсијага“.

Таа дефинитивно знае како да направи да се зборува за неа и без разлика дали ви се допаѓа или не, таа гази во бизнис сферата, вклучувајќи ја тука и модната индустрија, многу поуспешно од други познати ѕвезди.

Ако вака изгледа пристигнувањето за подготвките за Мет Гала, што ли да очекуваме на самата вечер?

 

Објавено:
13 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.084 пати