Невкус на црвениот килим на „VMA 2019“

27 август 2019

За кич може да зборуваме и во позитивен контекст, како артистично „лудило", но она што беше прикажано на црвениот килим на вчера одржаните MTV Video Music Awards („VMA 2019“) награди во Њу Џерси, беше кич во негативен контекст, како дезориентираност и невкус.

Еден настан од ваков ранг што од 1984 година наваму има изградено кредибилитет и позиција во шоу бизнисот, заслужува многу поатрактивен црвен килим, но од аспект да ве воодушеви и инспирира, а не да ве остави со прашање: која е поентата?

Затоа, од ваква манифестација имате големи очекувања на секое ниво вклучително и во однос на црвениот килим, но оваа година разочарувањето со причина е присутно.

Не е проблемот ниту голотијата, ниту експериментирањето со стиловите, туку безидејноста или погрешниот пристап во привлекување на вниманието на јавноста.

Ние не можевме да се одлучиме кој е полошо или најлошо облечен, изборот е голем (за жал)...

Во однос на наградите и перформансите, Тејлор Свифт беше меѓу оние во центарот на вниманието. За најдобар видео спот на годината беше прогласен нејзиниот за „You Need to Calm Down". Аријана Гранде го доби признането за артист на годината, додека „Old Town Road" на Lil Nas X и Billy Ray Cyrus, беше прогласена за песна на годината. Комплетната листа на победници може да ја погледнете на овој линк.

Фото: Daily Mail, Harper's Bazaar

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.971 пати
Тагови: 
VMA