Ни Бар Рафаели не одолеа на крвавото подмладување на лицето

8 јануари 2014

Израелскиот супер модел Бар Рафаели стана уште една „жртва“ на популарниот крвав третман за подмладување на лицето. Иако има 28 години, Бар одлучила своето лице да го прекрие со сопствена крв и да го проба актуелниот лифтинг за лице.

Овој третман прва го проба Ким Кардашијан, а по неа и други славни личности решија да ја применат оваа лудост.

Згодната манекенка се пофали на своите обожаватели со фотографија од своето крваво лице на социјалната мрежа Инстаграм. Овој процес како што напишала ја чинел 1500 долари.

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Сцена