Ни недостигаше: Најубавите изгледи од црвениот килим од отворањето на Венецискиот филмски фестивал

3 септември 2020

Прва филмска манифестација што „го сркши мразот" со класичен црвен килим и публика (иако со редуциран капацитет) откако светот се соочува со пандемијата, е Венецискиот филмски фестивал чие 77-мо издание беше отворено вчеравечер по сите протоколи пропишани од СЗО.

Со значително помал број на филмски ѕвезди, филмски работници и медиуми, сепак ова издание на најстариот филмски фестивал во одредена мера го враќа амбиентот од стандардите пред пандемијата.
А тоа подразбира и холивудски гламур на црвениот килим. Со физичка дистанца и строго дефиниран протокол за движење и однесување, ѕвездите како Кејт Бланшет, Тилда Свинтон, Роберта Армани, Тејлор Хил, дефилираа во блескави изданија што ни недостигаа откако светот беше ставен на пауза.

Инаку, 77-то издание на Венецискиот филмски фестивал ќе трае до 12 септември. Во неговата програма вклучени се филмови од повеќе од 50 земји, а во конкуренција за главната награда Златен лав се 18 остварувања.

Фото: Harper's Bazaar

 

Објавено:
3 септември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
706 пати