Никол Кидман: Докажавме дека можеме да работиме и после 40-тата

22 јануари 2018

На вчера одржаните „SAG“ награди, наградата за најдобра актерка во серија ѝ припадна на Никол Кидман, за улогата во серијата „Big Little Lies“.

По тој повод таа одржа мал говор, нагласувајќи го фактот дека филмската индустрија, посебно Холивуд, конечно ги слави и ги става во фокус приказните на жените преку 40-тата.

„Рис Витерспутн, Лора Дерн, пред сè мои пријателки и мои талентирани партнерки, оваа награда ја делам со вас“, го започна говорот Кидман, споменувајќи ги имињата на уште неколку номинирани актерки и жени на кои им се восхитува, меѓу кои Сузан Сарандон, Џесика Ланг и Мерил Стрип.

„Сакам да ви се заблагодарам за сите ваши револуционерни изведби кои ги имавте во текот на кариерата. Колку е прекрасно што денес нашите кариери можат да продолжат и после 40 години.

Пред 20 години, во овој период од животот нашите кариери завршуваа, но тоа не е случај денес. Ние докажавме, овие актерки докажаа, а и многу други сè уште докажуваат дека ние сме силни, моќни и способни.

Ја молам индустријата да застане зад нас, затоа што нашите приказни конечно се раскажаа. Ова е само почеток и горда сум што сум дел од заедница што поттикнува промени, но исто така ги молам писателите, режисерите, студијата и финансиерите, да вложат страст и пари во нашите приказни. Докажавме дека можеме сè уште да го правиме ова, но само со поддршката од индустријата, парите и вербата и страста“, заврши Кидман, поздравена со громогласен аплауз. 

Никол Кидман во креација на „Армани“

Објавено:
22 јануари 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
484 пати