Никол Кидман е грациозна дама во стилски фустан со принт

20 септември 2019

Таа е дефинитивно една од најстилските дами во светот на шоубизнисот со истенчен вкус за мода, па секогаш нѐ радува со недоливи комбинации на сите настани каде се појавува.

Тоа беше случај и со појавувањето на модната недела во Милано, за каде одбра стилски фустан со апстрактни принтови со должина до под колената.

Elle

Фустанот таа го комбинираше со сребрен ремен на половината и високи потпетици во розова нијанса, а на стајлингот му додаде и впечатливи очила со бели рамки и сива мини чантичка.

Прекрасната 52 годишна актерка го привлече целото внимание на фотографите и дефинитивно беше ѕвезда на црвениот килим на Миланската модна недела.

Evening Standard

За фустанот да биде уште поубав, истиот е на долги ракави и има интересна „опашка“ во задниот дел што го прави гламурозен и погоден за бројни настани.

Ваквите фустани се фантастичен избор за било кое есенско случување, а доколку работата бара од вас елегантни стајлинзи со кои може да експериментирате, тогаш го гледате совршениот на Никол Кидман.

Инфо: Cover.style.hr

Објавено:
20 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.799 пати