Холивудската актерка Никол Кидман е вистинска заводничка во стилот на Брижит Бардо во новата рекламна кампања на Џими Чу за 2014 година.
„Уште еднаш, прекрасната Никол Кидман на вистински начин ја прикажа силата и комплексноста на Џими Чу жената, длабочината на нејзиниот карактер и неверојатната убавина“, вели креативниот директор на брендот, Сандра Чои.
„Ако сум расположена, ќе бидам девојката која танцува со змии на масата. Јас сум позната како најзабавната девојка од сите“, вели 46 – годишната актерка, додавајќи дека високите жени не ги обожуваат потпетиците, но тоа не е случај со неа.
Прекрасната Никол вели дека се чувствува многу убаво кога носи потпетици и дека никогаш нема да се откаже од луксузот да ги носи истите бидејќи тогаш е најсекси.
Погледнете ги фотографиите и одличното видео од снимањето на кампањата за Џими Чу.
#