Никол Кидман како Грејс Кели

10 март 2014

Во Холивуд постојат само неколку актерки кои достојно би можеле да ја одиграт улогата на Принцезата од Монако на големото платно. Со сигурност,  Никол Кидман е најблиску до перфекцијата на Грејс Кели, а фотографиите од снимањето на биографската сторија „Grace of Monaco“ се потврда за тоа. Во очекување на филмот,  според објавените фотографии, покрај инспиративната сторија, костимографијата ќе биде еден од неговите главните адути.

Кидман го враќа сјајот и гламурот на 50-тите години, трансформирајќи се од современа модна икона во модната икона на сите времиња, единствената Грејс Кели. Покрај класичните костуми, кои Принцезата ги носела со особен стил на формалните средби, Кидман ќе имаме можност да ја видиме и во елегантните женствени фустани кои  се особено препознатливи за стилот на миленичката на многу генерации, секако комбинирани со дамски шешири, марами и ракавици.

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Сцена