Никол Кидман:Кралица на гламурот и црвениот килим

27 јануари 2014

Неодамна се појави вест дека Канскиот филмски фестивал ќе се отвори со филмското остварување за принцезата од Монако, Грејс Кели, која ќе ја толкува Никол Кидман.

Таа една од најпознатите австралиски актерки и жени, која ја дефинираше современата модна сцена со своите модни комбинации. Иако многумина и забележуваа за користењето ботокс на лице, таа се уште е еден од омилените ликови и стилски икони. Владее со црвениот килим, а на порцеланскиот тен, долгите нозе и грациозниот став ретко кој може да му одолее. Речиси и да нема дизајнер што не сака да соработува со неа.

 

„Таа отсекогаш имала добро чувство за избор на фустан за која потоа сите ќе зборуваат“ е заклучокот на бројни модни стручњаци. Самата нејзина појава е подобра промоција за дизајнерите од било каква реклама.

Но, секако нејзиниот стил, за кој поголемиот број нејзини обожаватели и луѓе вклучени во модата ќе кажат дека е доведен речиси до совршенство, се менувал низ години.

Во согласност со времето, се менувал и нејзиниот изглед, имиџ, сфаќање кон модата. Така, Никол порано имала и афро фризура и тоа во црвенкаста нијанса, а денес ја знаеме како русокоса, со права коса.

Какви се трансформации доживеала низ годините Никол, погледнете во галеријата во продолжение и кажете ни го вашето мислење.

 

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Сцена