Никол Шерцингер го копира стилот на Викторија Бекам?

12 октомври 2013

Неодамна во Лондон можевме да ја видиме прекрасната Никол Шерцингер со стил што многу наликуваше на единствената Викторија Бекам.

Таа се појави на еден настан во Лондон со совршен бел топ во комбинација со бело пенкало здолниште и неодоливо потсетуваше на сопругата на Дејвид Бекам.

Кога подобро ќе размислиме, и двете прекрасни дами имаат многу заедничко. И Никол и Викторија својата популарност ја стекнаа во успешните женските бендови од кои беа дел подолго време.

Малку подоцна, тие одлучија да започнат соло кариера откако нивните бендови се распаднаа. Додека Никол продолжи да ја следи музиката, Бекам се одлучи за малку поинаква, дизајнерска соло кариера.

Но, ова не е прв пат да ја видиме шармантната Никол со сличен стил како оној на Викторија Бекам. Во август оваа година, на еден настан поврзан со Икс Фактор, заводливата Никол буквално ги правеше истите пози за фотографирање како оние добро познатите на лондонската кралица.

Она што е и повеќе од очигледно е дека Никол дефинитивно за свој пример ја зема успешната Викторија, бидејќи покрај другото, кај неа многупати можевме да видиме и слична фризура, неизбежните очила за сонце и многу слични потпетици.

Објавено:
12 октомври 2013
Категорија: 
Сцена