Нина Бадриќ е стилска кралица во најпосакуваната кошула за оваа есен

17 септември 2019

Познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ дефинитивно е една од најстилските дами на Балканот која постојано се појавува во стилски и внимателно одбрани парчиња.

Во уште едно уникатно и совршено есенско издание се појави во друштво на нејзината долгогодишна пријателка, манекенката Александра Мелниченко која во местото Стобреч пристигна со нејзината луксузна јахта.

За посетата на местото Стобреч близу Сплит, пејачката одбра лежерни панталони во темно зелена нијанса кои ги комбинираше со една од најпосакуваните кошули за оваа сезона, овојпат во бела нијанса со транспарентни ракави со точки.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nina Badrić (@badrich) onSep 15, 2019 at 10:48am PDT

Комбинацијата шармантната пејачка ја збогати со црвена стилска чанта, бели очила за сонце и рамни сандали кои се како создадени за ова преодно време од годината.

Нејзината пријателка беше подеднакво гламурозна во интересен црн фустан со кожени детали, чантичка и сандали во иста нијанса.

Инаку, Александра и Нина се долгогодишни пријателки, па го користат секој слободен миг за заедничка дружба. Александра е сопруга на рускиот милијардер Андреј Мелниченко кој ѝ ја купи јахтата проценета на 400 милиони долари кога таа го роди нивното второ дете.

Фото: Badrich/Instagram

Објавено:
17 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.188 пати