Њујоршката премиера на „The wolf of Wall Street“ во знакот на Армани, Скорсезе и Ди Каприо

20 декември 2013

Кога ќе ги спомнеме Мартин Скорсезе, Леонардо Ди Каприо и Џорџо Армани, секој беспрекорен професионалец во својата бранша, и кога тие ќе направат заеднички проект, тогаш не се очекува ништо помалку од перфекција. Нивниот заеднички ангажман е наловен „The wolf of Wall Street“ во режија на Скорсезе каде главната улога ја игра Ди Каприо, а неговиот имиџ на брокер му е доверен на Армани.

Тој за главниот лик дизајнираше моќни деловни костими кои се носат со тежината на карактерот: нагласени рамена, беспрекорни строги линии, суптилни пруги и класични вратоврски.

Скица од дизајните на Армани Скица од дизајните на Армани

 

Скица од дизајните на Армани Скица од дизајните на Армани

 

Завчера се одржа њујоршката премиера на филмот кој е базиран на вистинска приказна за инволвирањето на познат брокер во корупција и криминал. Еве ја атмосферата:

Објавено:
20 декември 2013
Категорија: 
Сцена