Ноќ за паметење: Блескава креација и уште поблескаво запросување на концертот на Адел

15 ноември 2021

Адел ја започна серијата концерти и тоа мошне спектакуларно. Опсерваторијата „Грифит“ во Лос Анџелес е местото каде што 33-годишната пејачка ја почести својата публика со неверојатен концерт.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELLE Russia (@elle_russia)

Се појави во гламурозна креација на брендот Скјапарели и ги разгали сите со својот раскошен глас. Сепак, оваа вечер веројатно најмногу ќе ја паметат Квентин и Ешли.

Имено, Адел се согласи да му помогне на свој обожавател да ја побара својата девојка токму на нејзиниот концерт.

 

Сред коцертот, Адел ги замоли присутните да бидат тивки и салата се затемни. Рефлекторот ги осветли Квентин и неговата сакана, тој клекна и ја праша дали ќе се омажи за него.

Среќната двојка потоа седна во првиот ред и уживаа во песната „Make You Feel My Love", која Адел ја испеа специјално за нив.

Овој момент го сподели и пејачката на социјалните мрежи.

 

Објавено:
15 ноември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
780 пати