Ноле е најдобар!

19 февруари 2019

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по четврти пат во неговата кариера е прогласен за светски спортист на годината (овојпат за 2018 година), на престижната спортска манифестација „Лауреус" што во недела навечер се одржа во Монако.

Ноле успеа да се закити со ова признание во конкуренција на звучни имиња во спортот како Леброн Џејмс, Луис Хамилтон, Лука Модриќ...

На манифестацијата пристигна со неговата сопруга Јелена, која е негова голема поддршка и ја користи секоја прилика тоа да го покаже.

Двајцата изгледаа елегантно на црвениот клим, без премногу помпезности. Јелена беше стилизирана во макси фустан на преклоп, со нагласена половина, а косата и беше собрана во плетенка, фризура препознатлива за неа. Ноле пак, својот смокинг го комбинираше со патики.

Cветската спортска академија Лауреус е составена од 68 спортски легенди, кои гласаат за победниците во секоја категорија, според постигнувањата во годината која изминува. За најуспешна спортистка на планетава за 2018 година е прогласена 21-годишната гимнастичаркаСимон Билс, која во својата досегашна кариера има освоено дури 14 титули.

Во фото галеријата погледнете дел од амбиентот на манифестацијата, вклучително и на црвениот килим.

Фото: EPA, Dailymail

 

Објавено:
19 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
365 пати