Нов документарен филм за ѕвездата: Мајката на Ејми Вајнхаус ја раскажува нејзината страна од приказната

31 март 2021

Мајката на Ејми Вајнхаус, Џенис е дел од новиот документарен филм посветен на нејзината ќерка во продукција на „Би-би-си“, а по повод десетгодишнината од нејзината смрт.

Во „Amy Winehouse:10 Years On“, Џенис ја раскажува нејзината страна од приказната за животот на ќерка ѝ, за која вели публиката никогаш не слушнала.

„Мислам дека светот не ја знаеше вистинската Ејми, онаа која јас ја пораснав и се радувам на можноста да погледат подлабоко во вистинсата Ејми, да ги разберат нејзините корени“, вели мајката на пејачката која почина во 2011 година како последица од труење со алкохол.

Бидејќи боледува од Мултипла склероза, таа ќе ја раскаже приказната со помош на други членови на семејството, состојба која вели може да придонесе да исчезнат сеќавањата на ќерка си. 

Од продукцијата велат дека ова ќе биде мошне моќен и емотивен филм за Ејми, со сосема ново, женско гледиште на нејзиниот живот, нејзините љубови и секако, песните и богатството што го оставиз ад себе. 

„Amy Winehouse:10 Years On" ќе прикаже и досега неприкажани фотографии и снимки од приватната архива на Ејми и семејството, како и архивата која ја поседува „Би-би-си“. 

После смртта на оваа мошне талентирана музичка ѕвезда, Џенис и нејзиниот поранешен сопруг Мич ја формираа и „Ејми Вајнхаус фондација“. 

Своевремено Мич изјави дека што за три години успеале да помогнат на преку 300.000 млади луѓе, потенцирајќи дека наследството на Ејми не е само музиката, туку и сите други прекрасни работи кои ги правела.

Дов Фридмен, извршен продуцент на „Кјуриос Филмс“ вели дека: „Ејми беше вистинска музичка икона и не можеме да бидеме погорди што ќе помогнеме да се раскаже нејзината интимна приказна, 10 години по нејзината смрт“. 

За сега нема податоци кога би можела да се очекува премиерата на документарниот филм, кој ќе биде проследен под будното око на јавноста.

 

Објавено:
31 март 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
219 пати
Тагови: 
Ејми Вајнхаус