Нова колекција долна облека на бразилската убавица Жизел Бундшен

29 август 2014

Изминатава година дефинитивно беше во знакот на бразилската убавица Жизел Бундшен. Освен тоа што поради нејзината рекордна заработка таа е прогласена за една од најбогатите супермодели во светот, благодарение на бројните ангажмани влезе и на Форбсовата листа на најплатени модели.

Последното нешто поради што светот повторно и се восхитува на Жизел, е нејзината совршено секси колекција долна облека на која таа самата е заштитно лице. Името на колекцијата е Gisele Bundchen Intimates, а во истата девојките можат да најдат неверојатно удобни и шармантни парчиња.

Колекцијата се состои од три линии – Beauty, Roses и My daily. Линијата под едноставно име Beauty е инспирирана од нежните и пастелни тонови, а со одличната комбинација на тантела и нежни цветни моменти, истата е идеален пример на женствена и комфорна долна облека.

Онаа малку похрабрата линија наречена Roses, е вистинско олицетворение на софистицирана тантела во комбинација со нежен и вистински лежерен материјал за неверојатно удобни моменти.

Последната линија од која се состои колекцијата на Жизел, е онаа наречена My Daily, а самото име кажува дека тоа е она вистинското што секоја девојка би сакала да го носи преку целиот ден. Во истата, девојките ќе најдат вистинска удобност во која ќе уживаат извршувајќи ги секојдневните обврски.

Со оглед на тоа што сето она што го прави оваа прекрасна девојка се претвора во злато, ние длабоко веруваме дека и оваа колекција ќе наиде на глобален успех.

Доколку сакате да си нарачате некое од парчињата на бразилската долгонога манекенка, истото можете да го направите на официјалната страница www.giseleintimates.com.

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Сцена