За плакарот на уредничката на јапонскиот Вог, Ана Дело Русо, досега сме пишувале многупати. Но, токму во тие содржини се наведува дека нејзиниот гардеробер е ризница на модни богатства. Ана е вистинска мегаломанка кога станува збор за поседување брендирани парчиња кои ги карактеризира колоритноста.
Вредноста на огромниот гардеробер брои во милиони, што се подразбира дека истиот е создаден од реномирани и луксузни етикети. Како модна уредничка, таа на најперфектниот начин ја претставува својата визуелна репрезентативност и сопствен индивидуализам од неконвенционалноста, комбинирајќи неповторливи и ексцентрични стајлинзи по кои е препознатлива.
Ана Дело Русо, досега многупати ги отвори вратите од својот дом, од каде на различни светски медиуми им ги покажа своите омилени парчиња. Токму содржините застапени во низа, само ја потврдуваат големината на нејзиниот гардеробер кој секојпат е нов.
Во продолжение ќе ги погледнете парчињата облека и аксесоари со кои таа се подновила како: новите креации од Долче и Габана со сицилијански шмек, неодоливите високи потпетици од Миу Миу, Клое, Серџио Роси, Ботега Венета и многу други. Уживате во шарениот рај на Ана Дело Русо!