Новак Ѓоковиќ продолжува со хуманитарната мисија за Србија, Хрватска и БиХ

22 мај 2014

Во вторникот во Монте Карло пред почетокот на трката во склоп на Формула 1 на 25 мај, се одржа фудбалски натпревар за хуманитарни цели. На овој настан, традиционално се собораат врвни спортисти со цел да им помогнат на оние на кои им е најпотребно.

Оваа година меѓу присутните беа Фернандо Алонсо и Новак Ѓоковиќ, кој ја искористи приликата да ја крене свеста кај народот за лошата ситуација во која се наоѓа Балканот. За неговиот тим играа и принцот Алберт и Невен Марковиќ, кои исто така со натписите на своите маици ја потсетија светската јавност да донира за помош на поплавените подрачја во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Исто така, српскиот тенисер комплетната награда од победата над Рафаел Надал во Рим во вредност од речиси 700. 000 евра ја донираше за оваа хуманитарна цел.

Објавено:
22 мај 2014
Категорија: 
Сцена