Нови семејни фотографии за 38 роденден на принцот Вилијам

22 јуни 2020

Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам вчера го прослави 38 роденден. По тој повод на официјалниот профил на „Кенсингтон палатата“ се појавија нови семејни фотографии, кои го привлекоа вниманието на јавноста.

Имено, бидејќи неговиот роденден е на ист ден со Светскиот ден на татковците, фотографиите беа со неговите три деца - принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2).

Посебно интересни беа спонтаната фотографија, а покрај неа има и една официјална. Двете се дело на Војвотката од Кембриџ и собраа милиони „лајкови“.

За Денот на татковицте, на истиот профил се појавија и уште две фотографии, досега непознати за јавноста.

На првата се принцот Вилијам со принцот Чарлс, исто така направена од Кејт Мидлтон, додека на другата се војвотката од Кембриџ и нејзиниот татко, фотографија од нејзината приватна архива.

На официјалниот профил пак, на британското кралско семејство, беше објавена постара фотографија на принцот Вилијам со кралицата Елизабета.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) onJun 21, 2020 at 2:51am PDT

Со оглед на тоа дека Меган и Хари повеќе немаат официјалне инстаграм профил, откако се откажаа од своите кралски титули, не упатија јавна честитка до Вилијам.Британските медиуми претпоставуваат дека тоа го сториле преку видео-повик, како што тоа го направија и за роденденот на принцот Филип порано месецов.

 

 

фото: @Kensingtonroyal

Објавено:
22 јуни 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.865 пати