Новиот стан на Орландо Блум во Њујорк
•
27 јуни 2014
На адресата Франклин Рузвелт број 155 се наоѓа новиот дом на Орландо Блум, кој за простор од 230 квадратни метри плати сума од 4, 8 милиони долари. Како најголемиот број ентериери во Њујорк и овој стан има ѕидови од цигла кои во комбинација со дрвените греди и железните столбови придонесуваат да се добие впечатлив индустриски изглед.
Во станот доминира големата дневна која е поврзана со кујната, главната спална е опремена со „walk in“ орман и големо веце, а другите две спални соби се одвоени со заедничко веце и простор за разубавување, опремено со големи огледала.