Ново поглавје: Бритни Спирс го покажа вереничкиот прстен

13 септември 2021

Додека во Њујорк се одржуваа „Ем-ти-ви“ видео наградите, Бритни Спирс се пофали со вереничкиот прстен, па дури и водителите на споменатата манифестација, ги прашуваа гостите дали знаеле дека Бритни се сврши со својот партнер Сем Асгари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Инаку, Сем ја побара Бритни за жена со четири каратен брилијантен прстен, на кој е изгравиран зборот „Лавица“.

Веста за свршувачката ја потврди и менаџерот на Сем изјавувајќи: „Двојката денеска ја официјализираше својата долга врска. Благодарни се за поддршката, посветеноста и љубовта која е изразена кон нив“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Инаку, Сем порано беше нејзин личен тренер. Тие се запознаа на снимањето на спотот за „Slamber Party“ во 2016 година, за неколку месеци подоцна да објават дека се заедно.

Во судскиот процес кој Бритни го водеше против татко си, односно во кој се бореше тој веќе да не биде нејзин старател и да не одлучува за нејзиниот живот, таа зборуваше дека не ѝ дозволувал да се венча со момчето, како и дека не ѝ било дозволено да има деца.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Со оглед на тоа дека татко ѝ се повлече и нема веќе да е нејзин старател, двојката одлучи да продолжи со своите планови и со ова започнува сосема ново поглавје во животот на Спирс.

 

 

Објавено:
13 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.381 пати