Нозете на Жизел Бундшен се поскапи од оние на славниот фудбалер Нејмар

8 јануари 2014

Можеби фудбалерот Нејмар де Силва Сантос Јуниор е меѓу најголемите фудбалски ѕвезди, но во родниот Бразил го има второто место на сумата што ја заработува. Според американскиот економист Фред Фулд, кој работи за Форбс, направил анализа од која открил дека Бундшен е дури три пати повеќе платена од фудбалерот на Барселона. Економистот утврдил дека Жизел Бундшен на берзата вреди од 250 до 450 милиони долари, додека фудбалерот Нејман има вредност од 150 милиони долари.

 

На крајот, Фред порачува дека кога хипотетички би се случила некаква акција поврзана со манекенката, купувачите да не размислуваат, зашто тој аукциски предмет сигурно би постигнал голема вредност. Не е чудно што светската манекенка годишно заработува околу 45 милиони долари.

 

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Сцена