Таа сè уште е една од омилените трендсетерки што се појавиле било кога и дефинитивно една од најпочитуваните во модниот свет.
Покрај со стилските комбинации, Оливија Палермо секогаш плени со нејзината позитивна енергија и освојува каде и да се појави.
Од Њујорк па сè до Париз, таа изгледаше беспрекорно како гостинка на секоја ревија на покана на нејзините пријатели – дизајнери.
Иако честопати носеше тренди парчиња, Оливија секогаш ги комбинираше на нејзин начин поради што и многумина ја почитуваат.
Како и секогаш, во секоја комбинација трендсетерката внесе по некој моден експеримент за кој никогаш не би помислиле дека би изгледал толку добро.
Таа е победник кога станува збор за стилизирање на необични модни додатоци, а така беше и на сите појавувања на модните недели низ светот.
Од она што можевме да забележиме, Оливија обожава да носи крзнени работи, кожените панталони се број еден за неа, а ужива и во широки здолништа со А крој кои се совршени за ова време од годината.
На дел од ревиите можевме да ја видиме во стилски женски костими како огромен тренд оваа сезона, но и во тренди долги елечиња кои се нејзин заштитен знак.
Најглем впечаток нам ни остави во комбинацијата што ја одбра за ревијата на нејзината пријателка Викторија Бекам, но подеднакво добри се и сите останати што ги гледате погоре во галеријата.
Инфо и фото: Modamo.info