Од ,,тешка катастрофа" до ,,одличен настап": Мислењата околу изведбата на The Weeknd на Super Bowl поделени како никогаш претходно

8 февруари 2021

The Super Bowl е значаен настан за љубителите на американскиот фудбал, но уште позначаен за сите останати, тому поради фантастичните настапи за траење на полувремето. Оние кои не ја следат фудбалската игра, со нетрпение ги очекуваат музичките настапи на најголемите современи изведувачи, кои се многу повеќе од само излегување на сцена и пеење песна на микрофон.

Оваа година честа да ја забавува далеку помалкубројната публика му припадна на The Weeknd, чие вистинско име е Абел Тесфај. Денови пред настапот се шпекулирапе дека музичарот вложил 7 милиони долари од свој џеб за настапот да биде спектакуларен. 

И кога дојде таа недела и неговите 14 минути слава, мислењата меѓу публиката и медиумите останаа поделени како никогаш  претходно.

 Некои го славеа неговото пеење и квалитетниот настап. 

,,Ја обожувам песнава! Само вистински фан на Абел би ја знаел оваа песна"

Останатите се потсмеваа со маските кои танчарите ги носеа на лицата, а за кои пејачот изјави дека се симбол на површната убавина во Холивуд. Некои од нив гласеа ,,Одлично, уште луѓе со маски". Некои се потсмеваа со костимите, споредувајќи ги со ликови од хорор филмот Us. А некои не' потсетија дека сунѓерот Боб може да се претвори во секакво меме. 

Пејачот на настапот носеше Живанши. Во продолжение погледнете го настапот на The Weeknd и пресудете сами.

Објавено:
8 февруари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
472 пати
Тагови: 
The Weeknd