ЕЛЕНА ЛУКА на сцената на „Охрид фест“!

18 септември 2021

Македонската модна куќа Елена Лука беше присутна и на годинашното издание на „Охрид фест“,, остварувајќи уште една успешна модна приказна.

Етаблираниот домашен бренд се погрижи за изгледот на познатото тв-лице Каролина Петковска, на неодамна одржаниот „Охрид фест - Охридски трубадури“ и направи да изгледа дамски, а трендовски, овозможувајќи ѝ беспрекорна елеганција.

Каролина ѝ овој пат им ја даде довербата и на сцената се појави во фустан на Елена Лука, кој ги задоволува критериумите за женствена и софистицирана креација.

Петковска се појави во еден од дизајнерските модели на познатиот бренд од нивната последна есенска колекција.

Се работи за безвременски фустан во црна нијанса. Долниот дел изгледа богато и впечатливо поради карнерите, додека пак горниот дел е на преклоп и со транспарентни ракави кои даваат дополнителна доза романтичен и женствен изглед. 

Изработен од префинет нежен материјал, кој ви ја гали кожата додека го носите, фустанот нуди удобност при носењето, а воедно ја содржи потребната нота елеганција која е задолжителна на ваков тип настани.

„Ви благодарам за соработката и овојпат, како и секогаш! Задоволство е да се соработува со ВАС и чест е да се носи модел на брендот Елена Лука!“, порача водителката. 

Квалитетот, стручноста и долгогодишното траење на сцената на македонската модна куќа, резултираат и со голем број соработки со личности од македонската јавна сцена, кои одново им ја давале довербата, а тоа е случај и овој пат, со што е реализирана уште една соработка која го потврдува успехот.

Доколку ви се допаѓа овој модел, можете да го најдете во ателјето на Елена Лука во Капиштец, како и на нивната онлајн продавница тука. Достапен е во неколку варијанти и бои, еднобојни и со уникатно дизајниран принт изработен од тимот на брендот специјално за колекцијата, нежен, а сепак привлечен и впечатлив, што и се очекува од Елена Лука. Одберете ја својата омилена верзија и имајте парче кое истовремено е и трендовско и безвременско.

Elena Luka Fall Collection '21

За крај, доколку не успеавте да го гледате фестивалот, кој годинава е во снимена верзија која веќе се емитуваше, денеска (сабота) со почеток во 14:15 на МТВ1 оди репризата на фестивалската фолк-вечер.

 

 

 

Објавено:
18 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.483 пати