Оливија Палермо на модната недела во Њујорк се појави со необичен пар чевли

10 февруари 2014

Палермо е изградена модна икона која секогаш ги прати модните трендови директно од првите редови на модните ревии. Овој пат на ревијата на дизајнерот Питер Сом во Њујорк  се појави во интересна класична комбинација од која чевлите го привлекоа најголемото внимание.

Чевлите се од модната куќа Фенди по цена од 756 долари и се изработени од сјајна црна кожа, крзно во три различни нијанси и фитуристичка пета со огледало ефект.  Покрај чевлите, Оливија носеше панталони од Тиби, кошула со точки од Клуб Монако и капут со крзно во морнарско сина нијанса од Агнона.

Објавено:
10 февруари 2014
Категорија: 
Сцена