Омилената комбинација на Џулија Робертс

22 мај 2017

Иако веќе одамна не е толку активна на холивудската сцена, па и не е многу пристуна на гламурозни случувања, сепак Џулија Робертс е една од омилените личности и меѓу колегите и меѓу публиката.

Неодамна магазинот „Пипл“ ја прогалси за најубава жена по петти пат, па сиот фокус беше свртен кон неа, нејзината нега и стил.

А кога е токму стилот во прашање, таа има една модна комбинација или формула на која ѝ е верна речиси 30 години – одело.

1989 - Челична Магнолија

Тоа стана нејзин чест избор на црвените килими уште од 1989 година. На премиерата на „Челичната магнолија“ во Њујорк се појави токму во одело.

1989

Потоа во 1990-тата следеа „Златните глобуси“ и легендарното широко одело на „Армани“, стајлинг за кој и денес се зборува како за еден од најсмелите и најкултните во тоа време.

1990- Армани

И во 1991 година повторно на„Златните глобуси“ имаше комбинација во сличен стил, овој пат со здолниште.

Последниот пат ја видовме во комбинација инспирирана од смокинг на модната куќа „Живанши“, куќа со која и најчесто соработува кога се ваквите настани во прашање. Исто така, таа беше нивно заштитно лице за пролетната кампања за 2015 година.

Тоа што некогаш беше револуционерно појавување, денеска е сè почеста комбинација на гламурозните случувања. Оливија Вајлд, Тилда Свифтон, Блејк Лајвли, Ема Вотсон, Рејчел Еванс се само дел од оние што се одлучиле за одело.

За Дајан Китон и не треба посебно објаснување, која е и најпозната по ваквиот стил.

1990 -со тогашното момче Кифер Сатерленд

1993

 

2005 - Живанши

 

2010 - Дајан фон Фурстенберг

2010 - Стела Мекартни

2010 - Стела Мекартни и Дајан фон Фурстенберг

2011

2011 во Диор

2011

2013 - Живанши

2015 - Ботега Венета

2015 - Живанши

2016

2016 - Живанши

2016 - Живанши

Објавено:
22 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.539 пати