Омилените есенски комбинации на Јелена Вељача

16 октомври 2018

Таа е една од најпопуларните актерки на Балканот, а она со што секојдневно освојува е нејзиниот уникатен стил и фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.

Неодамна, таа сними едиторијал со шик есенски парчиња во кои секоја дама ќе се вљуби на прв поглед.

Преку истите, таа ги најавува новите есенски трендови и посочува што е она што девојките ќе сакаат да го носат, а изгледа одлично во сите комбинации.

Она што актерката сака најчесто да го носи оваа есен се впечатливите женски костими како едни од најпосакуваните, класично крем капутче, фустани во прекрасни бои, фармерки во секаков крој, но и стилски џемперчиња кои воедно ќе ве стоплат.

На нејзиниот Инстаграм профил редовно можеме да видиме фотографии и од нејзината преслатка ќеркичка која постојано носи слатки комбинации во кои се гледа дека ужива.

Двете дами се едни од најстилските на социјалната мрежа, а обожавателите со внимание ги очекуваат сите нивни нови комбинации, а дел од нив гледате во галеријата.

Фото: Fashion.hr, Instagram

Објавено:
16 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
731 пати