Оваа зима модата на Инстаграм е урбана, топла, слоевита, повеќе лежерна, но не е изоставена ниту елеганцијата.
Пребарувајќи низ Инстаграм профилите на модните инсајдерки, стилистки и блогерки, наидовме на инспиративни идеи и предлози што оваа зима би можеле да имплементираме во нашиот имиџ.
Топлите макси капути, особено оние со ремен околу струкот се најчесто застапени, заедно со плетените ролки и џемперо – како неизоставен дел од зимската стилска униформа.
Но, откако се вратија приказните на „Sex and the city" и „Emily in Paris" на екраните, така се почесто оваа зима го забележуваме и нивното модно влијание, па секогаш вниманието на Инстаграм ни го одвлекуваат шик женствени комбинации со екстравагантни парчиња облека, впечатлив колор и модни додатоци како „шлаг на тортата".
Тука би сакале да ги спомнеме и Инстаграм профилите на 40+ блогерките кои се се поактуелни и се повредни за внимание, со смелите модни комбинации кои говорат во име на индивидуалноста и прецизно изградениот стил.
Направивме еден микс од различни стилови и ги одбравме нашите омилени комбинации на Инстаграм за оваа зима.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram