Опра подари фустан на обожавателка

8 март 2014

Oprah_Thumbnail_3

Една обожавателка на Опра се изненади пријатно кога славната водителка се согласила да и го подари фустанот кој толку многу и се допаѓал, а кој го носела во текот на едно снимање.

Имено, девојката која на Твитер се претставува под името Snobaby Brandi ја замоли славната водителка да и ја подари тоалетата која ја носела на снимањето на насловната страница на магазиннот Essence и беше пријатно изненадена кога добила позитивен одговор.

oprah

-Изгледаш преубаво на фотографијата од насловната на Essence. Вау. Можам ли те молам да го добијам тој фустан? Затоа што, знам дека нема повторно да ја облечеш, напишала девојката.

-Имаш право, нема да ја носам никогаш повеќе, контактирај ја мојата помошничка и покажи и го овој твит - и одговорила Опра, која со оваа постапка уште еднаш ги воодушеви своите обожаватели.

Opraah

Среќната девојка која и физички потсетува на популарната водителка, изјави дека фустанот со задоволство ќе го носи на својата венчавка и се пошегува дека и треба само уште да го пронајде вистинскиот младоженец.

Snobaby Brandi

 Snobaby Brandi Snobaby Brandi

 

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Сцена