Оскаровецот Хоакин Феникс и Руни Мара го очекуваат првото дете

19 мај 2020

Хоакин Феникс кој годинава го освои Оскарот за најдобра машка улога за „Џокер" и неговата партнерка, популарната холивудска актерка Руни Мара, го очекуваат своето прво дете, пренесува магазинот Page Six.

Парот, кој инаку е познат и по тоа што строго ја чува својата приватност, сè уште не ја потврдил информацијата.

AFP via Getty Images

Но, магазинот пренесува дека според добро упатени извори, Мара е во втората половина од бременоста.
Хоакин и Мара се во врска веќе три години. Се запознале на сет на снимањето на филмот „Her", но нивната врска ја започнале подоцна, на снимањето на филмот „Mary Magdalene."

Во едно интервју за „Vanity Fair", Хоакин ќе каже дека во почетокот бил убеден дека Мара го презира, но подоцна сфатил дека всушност и се допаѓа и дека таа е само срамежлива.

Објавено:
19 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
976 пати