Откриена главната актерка во серијата „Wednesday“ на режисерот Тим Бартон 

20 мај 2021

Радосни вести за љубителите на естетиката на Тим Бартон! Режисерот кој ни ги донесе Alice in Wonderland, Corpse Bride и The Nightmare Before Christmas, ќе ни ја раскаже приказната за Венсдеј Адамс, лик од филмовите за Семејството Адамс. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by WEDNESDAY (@wednesdaynetflixtv)

Серијата ќе се состои од 8 епизоди, а е во продукција на Нетфликс. Ќе ја раскажува приказната за ќерката на Мортиша и Гомез Адамс, Венсдеј.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jenna Ortega (@jennaortega)

Главната улога во серијата и' припадна на младата Џена Ортега. 18 годишната актерка на својот Инстаграм профил вчера објави селфи фотографија со сценариото во рака.

Инаку Ортега досега има глумено во Jane the Virgin, Elena of Avalor, а нејзиниот последен проект е филмот Yes Day со Џенифер Гарнер и Едгар Рамирез. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jenna Ortega (@jennaortega)

Објавено:
20 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
209 пати