Ова е луксузната јахта со која Леонардо ди Каприо пристигна во Рио

14 јуни 2014

Феноменалната јахта „Топаз“ која е 500 милиони евра Лео ја изнајмил од сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Менсур. Неделно изнајмување на јахтата изнесува 92. 500 евра, па глумецот заедно со своите дваесеттина пријатели ќе може да уживаат во прекрасниот ентериер на јахтата, во која меѓу другото има џакузи, базен, фитнес соба и конференциска сала.

Шеикот Менсур  припаѓа на кралското семејство од Абу Даби чие богатство е проценето на  112 милијарди евра, а самиот тој поседува околу 3. 2 милијарди евра. Менсур  има 43 години, две жени и пет деца.

Објавено:
14 јуни 2014
Категорија: 
Сцена