Ова е жената одговорна за стилот на Кејт Мидлтон

26 април 2014

kejt kolaz

Тринеделната тура на Војвотката од Кембриџ заврши, но коментарите околу нејзината облека и севкупниот стајлинг не престануваат. За ова време таа се појави во повеќе од 25 стилски и елегантни комбинации.

Стајлингот беше комбинација од улични брендови и дизајнерски парчиња, а севкупната цена се проценува на околу 50.000 фунти.

После коментарите на Кралицата дека нејзиниот изглед треба да биде посериозен, Кејт го приспособи на барањата, но од друга страна, доби нови коментари дека овој пат пак, е премногу формален.

Наташа Арчер е името на дамата што постојано и помага на Кејт околу нејзиниот изглед.

Наташа Арчер (лево во црниот фустан)

-Наташа всушност е личен асистент на Кејт, но во последните неколку месеци таа се грижи и е советник на Кејт во врска со нејзиниот изглед. Тие две одлично се согласуваат, Наташа секогаш ја поддржува Војвотката и советува, а Кејт го обожува стилот на Наташа. Така, понекогаш изгледа како да се „договорени“ за тоа што ќе носат. Арчер и помагаше на принцезата кој аутфит да го одбере за време на турнејата - вели извор близок до кралското семејство, за странските медиуми.

Тој додава дека Наташа се грижи за пратките од Асос и Топшоп кои пристигнуваат во Кенсингтонската палата, а се адресирани токму на име на Арчер. Според досегашните искуства, изледа дека Наташа има одлично „око“ за улична мода, но и за она Високата, па не е ни изненадување што е една од личностите што се грижеа за нејзиниот изглед во Австралија.

цена: 594 фунти

Во странските медиуми се појави и веста дека Елизабета изразила желба Кејт да не носи парчиња од уличните брендови, а на сметка на тоа да носи подолги здолништа и фустани и повеќе кралски накит, што не било случај на турнеите во Јужноисточна Азија и Јужниот Пацифик, како и Северна Америка.

Така, Кејт на турнејата носеше парчиња од Александар Меквин, Џени Пакам, Тори Бурч, Кетрин Вокер, Ralph&Russo, Роксанда Илинчиќ, Џонатан Сандерс, Дијан фон Фурстенберг...

-Со помош на Наташа, Кејт ги спои парчињата и го оформи својот гардеробер. Но, на страна од се, добро е Кејт да има пријател на кој ќе му верува и со кој ќе се консултира - додава изворот.

цена 9.455 фунти

цена: 1.740 фунти

цена: 2.405 фунти

цена: 4.095 фунти

Објавено:
26 април 2014
Категорија: 
Сцена