Меган Маркл беше прогласена за највлијателна модна личност за 2019-та година, според релевантната модна платформа Lyst.
Тоа е доволен повод, да се осврнеме назад низ годината и да ги селектираме оние нејзини стилски изданија, за кои најмногу се зборуваше и најмногу го привлекоа вниманието на јавноста.
Она што треба да се подвлече е дека годинава беше посебна за војвотката од Сасекс и принцот Хари, поради доаѓањет на свет на нивното прво дете, принцот Арчи. Па годинава покрај другото, Меган беше и најпопуларната трудница, а модните сајтови и магазини беа полни со фотографии од нејзиниот труднички стил.
Ја гледавме и во кежуал, џинс изданија и во елегантни, женствени комбинации, најчесто во миди фустани во крој што ја следи линијата на телото или во суптилен А крој, комбинирани со беспрекорно скроени капути и мантили.
Во продолжение правиме ретроспектива на нејзините највпечатливи изданија годинава.
Фото: Pinterest