Оваа девојка има 70 милиони следбеници на Веибо, проверете зашто!

26 август 2014

Најлесниот начин за стекнување брза популарност на Интернет се дефинитивно разголените и провокативни фотографии. Веруваме дека веќе се сетивте барем на неколку девојки кои што славата ја стекнале токму на тој начин.

Оваа 34 – годишна прекрасна девојка од Кина, на тамошната верзија на Твитер – Веибо, има повеќе од 70 милиони следбеници од сосема поинакви причини.

Јао Чен, која од светските медиуми го доби прекарот кинеската Анџелина Џоли, своето влијание врз Интернетот го користи во хуманитарни цели. Преку нејзиниот профил на социјалната мрежа Веибо, таа собира средства за бројни хуманитарни акции, а донаторите буквално се натпреваруваат кој ќе донира поголема сума на пари.

Шармантната Јао Чен, преку ноќ успеа да се најде на листата на 100 – те најмоќни луѓе во светот објавени од магазинот Тајм, а е и дури на 83. место на Форбсовата листа на највлијателни жени во светот.

Своето образование Јао го завршила на престижната кинеска филмска академија, а интересно е дека англискиот јазик баш и не и е добра страна, односно воопшто и не го говори.

Пред четири години таа стана и амбасадор на УНХЦР за Кина, а резултатите што успеа да ги постигне досега се неверојатни: за само една година нејзините ангажмани донеа двојно повеќе средства за хуманитарни цели.

Освен хуманитарната работа, убавата актерка неодамна зачекори и во светот на модата. Моментално соработува со познатите светски брендови Шанел, Адидас и Ланван.

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Сцена