Овен Вилсон ужива во одморот и прошетките низ Дубровник

29 јули 2019

Шармантниот 50 годишен актер Овен Вилсон во моментов престојува во Хрватска каде го снима филмот „Bliss“ заедно со неговата прекрасна колешка, Селма Хаек.

Двајцата холивудски актери прво го посетија Сплит каде снимија бројни сцени од филмот, за да подоцна Вилсон се лоцира во Дубровник од кој како што ќе каже е воодушевен.

И ако мислевте дека популарниот актер оди во придружба со телохранители и посетува ултра луксузни ресторани како неговите колеги, грешите.

Тој беше фотографиран во друштво на неговите пријатели како шета низ центарот на Дубровник воодушевувајќи се од неговите убавини, по што се упатија кон локален ресторан на ручек.

Вработените во ресторанот раскажуваат за тоа колку актерот бил пријатен и без проблем разговарал со сите што му пришле, како да е некој локален граѓанин.

„Малку е ако ви се заблагодариме што сите денови за време на вашиот престој вие одлучивте да ручате во нашиот ресторан. Ни беше чест што можевме да ве услужиме и да се дружиме со ѕвезда како вас, заинтересирана за нашата 20 – годишна семејна работа. Тој несебично разговараше со сите нас и се однесуваше како да се познаваме цел живот. Ви благодариме што докажувате дека постојат луѓе како вас, кои ги ценат и почитуваа малите луѓе. Ни беше драго што ве запознавме“, напишаа од ресторанот Дубровник на нивниот Фејсбук профил, пренесува порталот Dulist.hr.

За време на престојот, тој успеал да ги посети и локалните пазари каде пробал од нивните специјалитети, па така дома си заминал со неколку тегли мармалад од портокал, зачини и салама од смокви.

Погледнете го шармантниот актер на прошетка во уште пошармантниот Дубровник.

Инфо: Dulist.hr, tportal.hr

Фото: Facebook, restoranDubrovnik, Marko Lukunic/PIXSELL

Објавено:
29 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.390 пати