Овој костим вреди милион долари

13 ноември 2013

Габриела Ислер (25) ја понесе титулата најубава на натпреварот за Мис Универзум, а нејзиниот костим за капење несоменено би ја земал „титулата“ најскап. Неговата вредност се проценува на милион долари.

Со рубини, смарагди и дијаманти, костимот од италијанскиот моден бренд „Yamamay“ рачно е изработуван три месеци.

-Едноставен и елегантен, како и јас - изјави Габриела.

Уште не е познато дали овој костим ќе се најде во продажба, како и кога би можел да биде понуден на некоја аукција.

kostim

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Сцена