Палтото на Меган Маркл од Серена Вилијамс распродадено за еден ден

19 октомври 2018

Веќе неколку дена Војвотката од Сасекс Меган Маркл и принцот Хари се во официјална посета на Австралија каде ќе се задржат цели 16 дена.

Тие се во фокусот на вниманието во сите медиуми со оглед на тоа што пред некој ден ја објавија веста за бременоста на војвотката која совршено се поклопи со нивната посета на Австралија.

Сосема очекувано, на секој настан таа е одлично облечена, со внимателно одбрани парчиња од познати дизајнери, а последно внимание привлече со сивото карирано палто од колекцијата на нејзината пријателка, тенисерката Серена Вилијамс.

Ако отворите на официјалната страна на Вилијамс каде можете онлајн да ги купите парчињата од колекцијата, ќе забележите дека палтото за само еден ден е целосно распродадено и за истото нема залихи.

Инаку, веднаш откако војвотката се појави на настанот во палтото, нејзината пријателка побрза фотографиите да ги сподели на Инстаграм профилот со што привлече огромно внимание.

Голем дел од нејзините обожаватели ја обвинија дека го користи пријателството со Меган за да привлече купувачи, но дел од нив посочија дека е симпатично тоа што нејзината пријателка ја промовира новата колекција.

Сивото карирано палто кое чини 145 долари, војвотката го комбинираше со едноставна бела кошула, тесни црни фармерки и чизми на потпетица, а истото е навистина класик што секоја девојка треба да го има во својот плакар.

Истото се случи и со едноставните црни фармерки од компанијата Outland Denim, чиј сопственик Џејмс Бартл потврди дека истите биле распродадени за само неколку часа благодарение на војвотката. 

Објавено:
19 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.310 пати